Ја шокираа светската јавност: Мила Кунис и Ештон Кечер не ги бањаат децата секој ден, освен ако се видливо валкани

Холивудскиот пар Мила Кунис и Ештон Качер признаа дека убаво ги бањаат децата само кога ќе видат траги од нечистотија, а и тие самите се обидуваат да избегнат употреба на сапун или гел за туширање.

Звучи неверојатно, но славниот пар тврди дека ги бањат потемелно својата ќерка Вајат (6) и синот Димитри (4) само кога физички изгледаат валкано. Тие ретко користат сапун затоа што не сакаат на нивните малечки да им ја исушат нивната нежна кожа.

Мила и Ештон јасно кажаа дека не сакаат да користат сапун на сопствената кожа, а актерот изјави дека ги мие само „пазувите и препоните“.

Холивудските актери зборуваа за личната хигиена во најновиот подкаст „Armchair Expert“, кога Мила призна дека не се капела секој ден како дете бидејќи немала топла вода дома во поранешниот СССР.

„Немав топла вода како дете, па затоа и онака не се туширав многу“, призна славната 37-годишна жена, родена и израсната во Украина.

„Но, дури и сега, кога имам деца, исто така, не ги бањам секој ден. Никогаш не сум била родител што ги бања новороденчињата секој ден", додаде таа. 

„Еве за што се работи - ако видите нечистотија на нив, искапете ги. Инаку - нема смисла", објаснува Ештон за нивниот метод.

Патем, познатата американска клиника Мајо не советува да се бањаат бебиња секој ден, а на својата веб-страница го наведуваат следново: „Нема потреба да се бања новороденче секој ден. Доволно е три пати неделно се додека вашето бебе не стане подвижно. Ако премногу го капете вашето бебе, можете да му ја исушите кожата".

Американското здружение на дерматолошки академии препорачува децата на возраст од 6 до 11 години да се бањаат „барем еднаш или двапати неделно“, пишува „Дејли Меил“. Тие советуваат детето да се бања кога ќе се извалка, после пливање во базен, езеро, река или море, и кога ќе се поти или ќе добие одреден мирис на телото.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ЕШТОН КАЧЕР: Поради братот сакал да се убие, а смртта на една девојка не може да ја преболи