ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА ЕШТОН КАЧЕР: Поради братот сакал да се убие, а смртта на една девојка не може да ја преболи

Роден е на 7 февруари 1978 година во градчето Чедар Репидс во Ајова. Од 2015 е во брак со актерката Мила Кунис со која има две деца.

Качер кариерата ја започнал работејќи како модел, а првпат на малите екрани се појави во „Весели седумдесетти“. Тој го глумеше симпатичниот Мајкл Келс, а серијата беше мегапопуларна, па се снимени осум сезони.

Во 2003 глумеше во романтичните комедии „Тукушто венчани“ и „Ќерката на мојот шеф“. Вниманието на филмските критичари го привлече со улогата во филмот „Ефектот на пепепрутки“ од 2004 година. Следеа неколку улоги во романтични комедии.


Детство и образование

Ештон Качер е роден во 1978 година. Тој пораснал во релативно конзервативно католичко семејство. Ја има постарата сестра Таша и братот близнак Мајкл кој како дете преживеал трансплантација на срце. Мајкл исто така боледува од церебрална паралина, но тоа не го спречува да работи како портпарол на адвокатската организација„Reaching for the Stars“.

Неговите здравствени проблеми направил животот во семејството Кечер да биде многу стресен затоа Ештон се трудел да биде ангажиран на различни полиња како би поминувал што повеќе време надвор.

Кога бил 13 години помислувал да изврши самоубиство за да на својот брат му го даде своето срце. Му кажал на татко си дека сакал да скокне од кровот на болница. За среќа, Мајкл брзо добил срце и трансплантацијата е завршена.


Ештон бил прва година во средно кога неговото семејство решило да се пресели во друг град, така што средно школо звршил во Хомстад. Во текот на школувањето го засакал актерството, па играл во училишни претстави. Сепак, неговите родители се развеле кога имал 16 години, па неговиот живот се свртел за 360 степени.

Пред да матурира го обил училиштето со намера да украде пари, но многу брзо е уапсен. Осуден е на условна казна и 180 часа општо корисна работа. Во едно од своите интервјуа вели дека таа казна го научила многу работи, ја изгубил девојката и стипендијата за продолжување на школувањето, и засекогаш бил обележан со тоа што го направил.

Во август 1996 година запишал факултет во Ајова. Планирал да стане биохемиски инжинер како би пронашол лек за болеста на својот брат. Сепак, уште на почеток управата на домот каде што бил сместен го исфрлила бидејќи равел премногу бука. Признал дека немал поим што прави, но мислел дека се што прави е правилно. За да заработи пари за школување работел студентски работи.

По учеството во меѓународен избор на модели и таленти во 1998 година, Ештон влегува во нова агенција за модели во Њујорк и се појавува во реклами за Келвин Клајнво Париз и Милано. После одреден успех во моделството, Ештон се сели во Лос Анџелес и по првата негова аудиција ја добива улогата на Мајкл Келсо во комичната серија Луди седумдесетти, која дебатира во 1998 година, а завршува во 2006. Подоцна продолзува да глуми во повеке комедии како Брат, каде ми е колата? (2000), Штотуку венчани (2003) и Погоди кој (2005). Потоа се појавува во фамилијарниот филм Поефтино за десетина глумејќи како самообседната личност. Улогата во филмот Ефект на пеперутка (2004), за Качер била невообичаена и драматична, глумејќи збинет млад дечко кој се заљубува во девојќа. Филмот добива многу различни критики, но е запамтен по многуте продатени карти. Во 2003 Ештон како продуцент и домаќин, ја започнува својата емисија на MTV, наречена Наместени. Емисијата е всушност скриена камера, каде ги снимаат само познатите личности. Качер е одличен продуцент и на реалните телевизиски емисии Убавицата и бубалицата и Авантурите во Холивуд, како и емисијата за игри Можностите удираат. Многу од неговите продуцентски кредити доаѓаат од продуцентската компанија Каталист Филмс, која тој ја основа заедно со неговиот партнер Џејсон Голдберг. [5] Поради повеќето конфликти со филмот Чуварот, Ештон бил форсиран да не ја продолжува неговата улога во осмата и последна сезнона на комичната серија Луди седумдесетти, па поради тоа се појавува само во првите 4 епизоди (како специјален гостин) и се враќа само за крајот на серијата. Кучер е дел од менаџерскиот тим за Уома(бизнис за гласот преку итернет протоколите), како креативен директор. Инспириран од ова тој ја проширува неговата продуцентската компанија Каталист Филмс со дел наречен Каталист медиа, исто со неговиот партнер. Нивна прва работа во овој дел е анимиранито цртан филм наречен Девојките Бла Бла

Следна негова работа, е да биде продуцент, а истовремено и актер во акционата комедија Петте убијци, во која тој ќе глуми платен убиец.


Приватен живот

Качер бил во врска со Џ. Џоунс (од 1998 до 2001), со Ешли Скот (од 2001 до 2002), со Монет Мазур (2002) и со Бритни Марфи (од 2002 до 2003). Одма по разделувањето со Бритни Марфи во почетокот на 2003 година, тој ја започнува својата врска со Деми Мур, најмногу коментирана поради нивната разлика од цели 15 години. Мур и Качер стапуваат во брак на 24 септември 2005. Венчавката била приватна и мала, со само 100 гости (нивни пријатели и роднини, вклучувајќи го и поранешниот сопруг на Мур Брус Вилис). Качер почнува да инвестира во италијански ресторант, наречен Долче и во ланецот јапонси ресторанти, наречен Куќата на Гејша, лоцирани во Атланта и Лос Анџелес. Качер е исто така жесток подржувач на Chicago Bears. Поранешната девојка на Качер, Ешли Елирин (22 години, фешн модел), е пронајдена избодена до смрт, во нејзиниот апартнам во Холивуд, во февруари 2001.


Неколку часа пред да биде пронајдено нејзиното мртво тело, Качер го посетил незиниот дом, со цел да ја земе со себе на 43тите по ред Греми Награди, но никој не му отворил. Качер погледнал во нејзиниот апартман од задниот прозор и видел црвени дамки на подот, но помислил дека се само дамки од црвено вино и си заминал. Нејзиното тело било пронајдено после неколку часа од нејзина другарка. Од кога ја слушнал веста, Ештон веднаш ја посетил полициската станица за да ја понуди својата помош во истрагата. Во август 2008, полицијата открива дека нејзиниот убиец е Мајкл Г. познат како Санта Моника, кој бил обвинет за убиства уште на три други жени.

Ново поглавје


За неговата популарност сведочат бројни фанови на социјалните мрежи. Во април 2009 станал првиот корисник на Твитер кој има повеќе од милион следбеници. Поради постовите на социланите мрежи многу често е мета на критики на поедини делови од јавноста.


Во почетокот на 2012 година Ештон почнал врска со колешката Мила Кунис со која глумел во серијата „Весели седумдесет“. Тие се сврпија во февруари 2014-та, а брзо потоа ја добија првата ќерка. Се венчаа во јули 2015, а во ноември 2016 добија и син.