Моден фокус // Трендови
Седум важни фенг шуи заповеди кои треба да ги внесете во спалната соба
Фенг шуи експертите имаат многу совети кои животот можат да ни го направат поубав.
Од избор на орнаменти за домот, уредување на кујната и избор на мебел, фенг шуи има совети за секое катче на вашиот дом. Кога се работи за спалната соба, овде постојат навистина многу предлози кои можат да го подобрат вашето здравје, се однесуваат на партнерот и влијаат на подобар сон.
Квалитетот на одмор во спалната соба сигурно ќе се зголеми ако ги следите овие правила:
- Исфрлете работи кои не сте ги користеле во последните три месеци или едноставно преместете ги во друга соба
- Сликајте го бројот на слики и работи кои ве потсетуваат на луѓе од минатото.
- Не го ставајте креветот во аголот од собата, затоа што енергијата стои мирна во аглите. Ако не можете да го избегнете ова, барем поставете го делот на кој е главата на спротивната страна од аголот. Креветот не смее да биде поставен до прозорец, затоа што тоа ја цеди енергијата од Вас. Треба да имате масички на двете страни од креветот. . Патот до креветот треба да биде непопречен од сите страни. . Три страни од креветот мора да бидат отворени. Не спијте со нозете кон вратата. Кога лежите, мора да ја гледате вратата. На тој начин веднаш ја гледате промената на енергијата кога некој ќе влезе во спалната соба.
- Не чувајте расипани работи во спалната соба, туку поправете ги или фрлете.
- Не ставајте голем број огледала во спалната соба
- Светлината во спалната соба треба да биде мека и топла, а не остра. Ќе биде уште подобро ако инсталирате контрола на осветлувањето на уредите.
- Не чувајте ништо под кревет, на под или во аглите на просторијата.