Седум моќни причини: Зошто треба секое утро да пиете чаша топла вода

Добивај вести на Viber

Топлата вода е најевтиниот лек! Иако можеби не е по ваш вкус, бидејќи сте навикнати да ја пиете ладна, консумирањето топла вода има многу придобивки за вашето здравје, а вкусот може да се подобри со додавање на лимон. Така тврди Ајурведата, најстарата медицина во светот.

Ја крева енергијата

Обидете се да испиете чаша топла вода со лимон наутро, и ќе видите колку повеќе енергија ќе имате. Понекогаш мирисот на лимон е доволен само за да не разбуди. Покрај тоа, лимонот помага во лекување на анксиозност и депресија.

Ќе имате подобар тен

Пиењето една чаша топла вода секој ден ја чисти кожата, а особено се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со сувост и акни. Топлата вода ги стимулира метаболизмот и циркулацијата, ја прочистува кожата на лицето и телото и се смета за сојузник на женската убавина.

Добро е за менструални конвулзии

Топлата вода ги релаксира мускулите, па затоа пиењето се наметнува како одлично решение за сузбивање на грчевите во менструацијата.

Го подобрува варењето на храната

Наутро пред јадење и половина час по оброкот, чаша топла вода го стимулира варењето и ги решава проблемите со надуеност и болна акумулација на гасови.

Помага со уринарни инфекции

Пиењето топла вода на празен стомак помага при инфекции на уринарниот тракт, и ја намалува металоиди.

Детоксикација на телото

Редовното пиење топла вода ја зголемува циркулацијата, потењето и исфрлањето на токсините од телото, што ја олеснува работата на црниот дроб и бубрезите. Присуството на токсини во телото го забрзува стареењето, а бидејќи топлата вода го ослободува телото од токсини, процесот на стареење се забавува.

Пиењето чаша топла вода еден час по оброкот ќе го забрза метаболизмот и ќе го поттикне согорувањето на калориите.

Помага кај астма

Редовното консумирање топла вода помага при астма и икање и ќе ви даде дополнителна сила кога страдате од настинка или кашлица.


Можеби ќе ве интересира:

Пет чудотворни лековити чаеви за зимски детокс: Заштитници на здравјето