Сега сте за класа погоре: Која е најдобро облечена- Каролина, Туна или Антониа?
Велат дека стилот не се купува, дека тој се гради. Иако во денешно време парите можат да купат скоро сѐ- но скоро!!! Џабе фустан од Долче и Габана кој вреди 2.000 евра ако не е комбиниран соодветно.
За да биде сѐ како што треба, посебно кога се работи за познатите ѕвезди, тим од стилисти и дизајнери се грижат да изгледаат беспрекорно- и на сцена и секаде. Тоа е забележливо кај светските ѕвезди, иако и кај нас има такви кои својот стил го качуваат на една до три скали погоре. Па така, во најнови модни изданија ќе ги видиме пејачките Каролина, Туна и Антониа кои важат за (скоро) секогаш убаво облечени и примамливи за толпите.
Каролина неколку пати е прогласувана за жена со најдобар стил, па и овој пат не киксна. За потребите на дел од нејзината работа ја гледаме во вакво супер- секси издание.
Туна е моден камелеон. На ниво на задачата. И таа ни презентира нешто необично, тренди и многу впечатливо.
Антониа на настап во Струмица изгледаше светски. Добра усогласеност, посебно кога е во прашање црвената боја и фустанот со набори кој е хит сезонава.
Фото: Инстаграм