Сека Алексиќ ја откри вистината за односот со Карлеуша: Се менував низ годините, созревав

Сека Алексиќ и Јелена Карлеуша важат за големи ѕвезди на Балканската естрада, а не беа поштедени ниту од кавги.

За конфликтот меѓу овие две пејачки веќе подолго време се пишува во медиумите. Карлеуша ја прозва Алексиќ поради нејзините изјави за верата и Бога, Сека рече дека не сака пејачи кои „носат туѓи перја“, во кои Јелена се најде прозвана.

Сепак, судејќи по последната објава на Сека на Инстаграм, изгледа дека пејачките решиле да ги закопаат секирите и да го остават конфликтот зад себе.

- Мислење за Јелена Карлеуша - беше прашањето на следбеник на Инстаграм, а потоа следеше одговорот на Сека:


- Секогаш има неколку од овие прашања, затоа е време да одговориме... Се менував со годините, созреав и се трудев да нема негативна енергија околу мене. Во минатото се случувало се‘, неискуство, подбуцнување итн. Од моја страна сега има многу убаво мислење за Јелена – напиша Сека.

Јелена се‘ уште не се огласила на оваа тема.


Фото: Инстаграм - Сека Алексиќ - Јелена Карлеуша