Сека Алексиќ одржа модна лекција: Поубав фустан не сте виделе-гламур и елеганција!
Сека Алексиќ уште еднаш покажа дека има стил. Таа се појави во црн фустан, кој е секогаш во мода, а оваа година стана вистинска сензација.
Познатата пејачка Сека Алексиќ деновиве ги воодушевува своите следбеници на социјалните мрежи. Таа значително го промени имиџот со бојадисување на косата, а го промени и модниот стил.
Пејачката почнала да тренира и да се грижи за својот изглед, кој го доведе до совршенство. Никогаш не изгледала подобро и помладо, додека нејзиниот стил може да се спореди со стилот на големите светски ѕвезди. Атрактивната пејачка се надмина себеси и одржа одлична лекција за тоа како треба да изгледа една дама.
Имено, Сека неодамна за излет избра долг елегантен црн фустан со длабок шлиц. Корсетот ја истакна нејзината бујна градба, додека на стапалата имаше класични црни сандали, а целата комбинација ја зачини со сребрено ланче.
Долгиот црн фустан отсекогаш претставувал елеганција и софистицираност и се смета за вечна класика кога е модата во прашање.
Сека Алексиќ од неодамна може да ја видиме во модерни комбинации, додека црните фустани се претежно на водечка позиција. Се гледа дека пејачката ги следи трендовите, но не е слепо ограничена од нив, туку сака да си поигрува кога е модата во прашање.
Поради облините и атрактивниот изглед, многумина ја споредуваат со Ким Кардашијан, а судејќи по фотографиите на пејачката, неспорно е дека изгледа многу привлечно и дека се што носи, носи со стил.Фото: инстаграм