Сека Алексиќ повторно ја однесе победата за најубаво декориран дом за Велигден (ФОТО)

Пејачка, а неодамна и водителка на популарниот кулинарски натпревар „Мајки и снаи“, Сека Алексиќ од година во година има најубаво украсен дом на познати личности, бидејќи, како што вели, секој празник ѝ е многу важен.

Преку својот профил на Инстаграм ѝ покажа на публиката како изгледа велигденското украсување во нејзиниот дом, на кое можат да и позавидат професионалните организатори.

Доминираат пастелни бои, од розова до кремаста боја.

Бидејќи Сека е голем верник, таа сакаше нејзиното семејство да ужива во празникот. На сликата објавена од пејачката, може да се види дека синовите на Сека уживаат и во велигденската магија - особено во боењето велигденски јајца.

ГАЛЕРИЈА: