Секогаш сѐ е во знакот на прељубата: За оваа турска актерка велат дека е проклета, а ова се нејзините пропаднати љубови
Таа е во вечна потрага по љубов, но ѕвездата од серијата „Немирно лето“ или ја изневеруваат или се плетка во туѓи врски...
Ханде Ерчел (28) е една од омилените турски актерки изминатите години, пред сѐ поради својата улога во серијата „Немирно лето“, но и ред други.
Во текот на снимањето на оваа серија, таа се зближи со колегата Керем Бурсин, со ко потоа започна емотивна врска.
Серијата ја следи љубовната приказна на нивните ликови Серкан и Еде, а интересно е дека тие и во приватниот живот беа двојка. На актерите не им требаше долго за да потклекнат пред хемијата, која беше очигледна што се сретнаа првпат, а турските медиуми пишуваа дека Керем поради Ханде ја оставил тогашната девојка. Сепак, се појавија и шпекулации дека тој бил изневерен и дека бил „сингл“ кога ја запознал Ханде.
Керем и Ханде потврдија дека се во врска минатата пролет и станаа еден од најомилените познати парови во Турција, а популарноста на нивната серија уште повеќе порасна, откако сооштија дека се сакаат и кога се изгасени камерите.
Меѓутоа, оваа врска изненадно заврши, а наводно поради нивните кавги и нетрпеливоста на сетот продолжинието на снимањето е доведено во прашање, бидејќи работата на втората сезона беше прекината. Како што се пишуваше тогаш, со оглед на нивниот нарушен однос и бидејќи голем дел од екипата која работеше на серијата беше заразена со коронавирус, снимањето беше откажано.
Според пишувањата на турските медиуми, главната причина за разделбата е фактот што Керем повторно бил неверен, а овојпат наводно стапил во паралелна врска со една водителка.
И додека обожавателите и понатаму жалат за нивната разделба, актерката утеха пронајде во прегратките на Кан Јулдрим, кој за медиумите призна дека „со Ханде сѐ е одлично и весело“. Меѓутоа, според пишувањата на тамошните медиуми, Ханде повторно била изневерена, а овојпат тоа било со нејзината ривалка, актерката Сила Туркоглу, со која Кан бил уловен во еден клуб. Наводно двојката раскинала, а Сила не сакала да ја продолжи врската со Јилдрим. Како што се пишуваше тогаш, Сила верувала дека врската на Кан со Ханде не е сериозна и дека поминуваат време заедно само заради публицитет.
Кон крајот на октомври, се појавија гласини дека Керем и Ханде се смириле, бидејќи беа на иста модна ревија, а ова никој од нив двајца не го потврди, но и не го демантираше.
Но, тоа не е сѐ: пред неколку години се пишуваше дека Ханде е во врска со пејачот Мурат Далкилиц, кој во тој момент беше во брак со актерката Мерве Болугур, која ја паметиме по улогата во „Величенствениот“. Како што се шпекулираше, токму оваа врска е виновна за нивниот развод, а не е познато колку долго останале во врска Ханде и Мурат.
Поради своите бројни емотивни неуспеси, многумина Ханде ја нарекуваат проколната убавица, на која ѝ оди сè од рака, освен љубовта.
фото: Принтскрин / Инстаграм