Секогаш се поздравувавме со она нашето „Да нѐ има“: Лукаревска емотивно за Буштур

Добивај вести на Viber

Директорката на Управата за Јавни приходи, Сања Лукаревска преку емотивен статус на социјалните мрежи се прости од Буштур. Легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур загина во сообраќајна незгода.

„Збогум чичко Буштур 
Останаа недовршени уште многу разговори,патувања....
Секогаш се поздравувме со она познатото,нашето - “ ДА НЕ ИМА “.
Едно знам ,ќе недостасуваш премногу со сета твоја ведрина и оригиналност.
Ќе те спомнуваме и нема да те заборавиме,зошто Буштур е ЛЕГЕНДА, а легендите не умираат !“, напиша Лукаревска.