Секоја чест, царице! Нина на 17 години останала без нозе, во Венеција покажа како изгледа храбра и нескротлива жена
Филмскиот фестивал во Венеција е еден од најголемите и најпрестижните филмски фестивали во светот, а уште на прв поглед на модните комбинации на познати личности можеме да заклучиме дека овој настан е чист гламур.
Женски фустани, беспрекорна шминка, совршено стилизирани фризури и детали кои привлекуваат внимание, детерминираа за што ќе се зборува деновиве и оваа година, по 80-ти пат.
Меѓу познатите жени посебно внимание привлече убавата италијанска инфлуенсерка Нина Рима која пристигна на премиерата на психолошкиот акционен трилер „The Killer“.
Нина е вистински пример дека женственоста доаѓа во сите облици, а нејзиното главно мото во животот е секој страв да го претвори во сила.
Таа блесна на црвениот тепих во прекрасен црн фустан со суптилни светки кои ја покриваат целата површина. Горниот дел се состои од ефективен корсет, а долниот дел е особено заводлив поради шлицот кој достигнува се до меѓуножјето.
FOTO: EPA-EFE/CLAUDIO ONORATIКомбинацијата ја комплетираше со едноставни бели сандали кои дополнително ја истакнаа нејзината модна комбинација, но и пораката која сакаше да ја пренесе.
Имено, Нина во 2017 година ја изгубила ногата во страшна сообраќајна несреќа која ја доживеала со партнерот на скутер.
Откако ја преживеала таа трагедија, решила да го рашири гласот понатаму. Таа веќе неколку години на социјалните мрежи споделува детали од својот живот, пред се за да им покаже на луѓето во слични ситуации дека животот не мора да запре ако изгубите нога.
Исто така, една од нејзините главни цели е да истакне дека и понатаму е убава, самоуверена и женствена, без разлика што носи протеза.
Затоа избра фустан со шлиц на страната каде што се наоѓа нејзината протеза и самоуверено ни покажа дека заведувањето и шармот доаѓаат од внатре.