Секоја комбинација ја прават супериорна: Сандалите на Шарлиз Терон кои одлично им стојат и на девојки и дами во педесеттите години

Добивај вести на Viber

Како да ја истакнеш фигурата на суптилен начин, а истовремено да воодушевуваш со сексапил и елеганција? Шарлиз Терон има проверен моден трик и изгледа совршено.

Оскаровката Шарлиз Терон гостуваше на 37-от меѓународен филмски фестивал во Санта Барбара, каде се одржуваше доделувањето на American Riviera Award. Една од најубавите актерки на светот ѝ ја додели наградата на популарната колешка Кристен Стјуарт.

И додека Кристен, која ја одбележа 2021 година со улогата на лејди Дијана во филмот „Spenser“, носеше фустан од тул кој го потпишува модната куќа Шанел, Шарлиз Терон повторно ни покажа нешто поинакво кога е модата во прашање.

Добро е познато дека Шарлиз има специфичен моден стил, кој скоро секогаш наидува на пофалби, без разлика дали е во прашање лежерниот стил за секој ден или некој моден трик кој секоја вљубеничка во трендовите би можела да го ископира.

Овој пат Шарлиз заблеска во светкав мини фустан со реси, во комбинација со розова, зелена и сребрена боја. Таа, на некој начин, го намали ефектот на овој „party“ фустан, така што под него носеше црна ролка и со тоа направи контраст кој всушност имаше голем ефект и ја направи комбинацијата уште поинтересна.

Што се однесува до обувките, 47-годишната Шарлиз носеше преубави сандали кои зрачат со женственост, а толку се едноставни и елегантни што може да ги носат и млади девојки и зрели жени. И сѐ ќе изгледа феноменално и гламурозно.

Шарлиз со оваа комбинација акцентот го стави на своите атлетско градени нозе, па уште една докажа дека и жената која е на прагот на 50-тите може суптилно да ја истакне фигурата и истовремено да изгледа елегантно.

View this post on Instagram

A post shared by TRENDUS.COM (@trendus)


фото: Инстаграм / Принтскрин