Секоја комбинација за чиста 10- ка: Вака треба да се облекуваат жените над 50 години
Само затоа што сте дошле до „некои“ години во никој случај
не треба да изгледате „запуштено“
или помалку тренди и секси!
Жените често се критикувани дека некои парчиња облека не се соодветни за нивната возраст. Секако, има вистина и во тоа кога станува збор за некои екстремни примери, но во принцип секое парче облека, со добро осмислен и одмерен стил, може да биде добитна комбинација за дама „во години“.
Секако, тоа не значи дека треба да носите премногу кратки шорцеви или хеланки, но тоа не значи ниту дека треба да се завиткате во чаршаф, само затоа што имате повеќе од педесет. Напротив!
Вистински пример за тоа како една жена над 50 години треба да се облекува додека изгледа елегантно, урбано, модерно и заводливо е модната инфлуенсерка и жена во стил Сузи Реџиано.
Модните комбинации на оваа жена која на Инстаграм ја следат над 600 илјади луѓе се вистинска инспирација. Таа ја пронајде вистинската мерка за облека за нејзината возраст, без да дозволи тоа да влијае на нејзината желба да продолжи да изгледа многу модерно, привлечно и секси.
Во нејзините стајлинзи ќе видите дека светлите бои се многу добредојдени, како и белите парчиња, фармерките, како и масивен накит (кој најчесто е „резервиран“ за млади девојки).
Се надеваме дека од нејзините стајлинзи ќе пронајдете инспирација за себе:
Фото: Инстаграм/susirejano