Секојдневно се менував за да им се допаднам: Деми Мур за трите пропаднати бракови
Во интервју за еден подкаст, актерката Деми Мур им се наврати на своите бракови и откри дека по долго трагање по одговори, таа конечно сфатила што прави погрешно.
Sвездата на филмовите „Дух“ и „Стриптиз“, Деми Мур, зад себе има три неуспешни бракови, а интересно е што го задржа презимето на својот прв сопруг, со кого беше во брак најкратко време. Имено, познатата бринета е родена под името Деми Џин Гајнеш, а по нејзиниот брак со рокерот Фреди Мур (1981-1985), таа одлучи да го задржи презимето.
Таа беше во брак актерот Брус Вилис од 1987 до 2000 година, во кој роди три деца, а нејзиниот трет брак со младиот Ештон Качер започна во 2005 година. Иако многумина предвидуваа брз колапс, бракот траеше дури осум години.
После сите овие искуства, пишувањето на мемоари објавени под наслов „Inside Out“ ѝ помогна да разбере каде грешела. Таа се менувала за да можат мажите да ја прифатат.
- Сите овие години се сменив многу, одново и одново, за да се вклопам во она што мислев дека другите го сакаат. Всушност, ние работиме цело време за да бидеме посакувани, но ги игнорираме нашите желби- откри Деми.
- Мислам дека тоа е цел процес на заљубување во себе и прифаќање каков што сте навистина- рече актерката и додаде дека сепак не жали за ништо во животот.