Сексуална зависност

Добивај вести на Viber

Отидов горе в спална. Го отворив прозорецот и застанав да погледам и да се смирам. Дишев со полни гради, да ми излезе бесот од мене. Од далечина се гледаше градот осветлен. Колку ме расположуваше цел овој хоризонт што го гледав. Како да го достигнав небото, прелетав низ него и сè ми беше на дланка. Освежувачки делуваше полутемнината, а од горе ѕвездите победоносно ја испуштаа својата мапирана светлина. Сè почувствував среќна поради интересниот видик. Малку ми треба за среќа. А мене ме загризе црв. Или црвот ќе ме изгризе мене или јас него. Но, може појака сум од него? Црву уништувач, си влегол и сакаш да ме убиеш мене, да ме изгризеш, да бидам трула, празна и неполезна. Фанфарите засвиреа во моите уши, душата ми затруби и решив да му објавам бескрупулозна војна. Ќе се борам со сите расположливи средства против тебе, ти лигав, гаден и штетен црв. Има да те победам.

Денес кога го видов центарот се почувствував како туристка и си помислив: „На моите ќе им раскажам сè кога ќе си одам. Ако не можат да ме посетат сега, сигурно некогаш ќе ги доведам овде“, си ветив.

Ако сум далеку од дома, барем да го збогатам мојот живот со шетање, запознавање луѓе и стекнување искуство. Што и да биде јас бргу дома не можам да се вратам. Ги сакам моите родители и сестра ми и ми недостасуваат ужасно, но веќе кога дојдов овде, в туѓина морам да се средам себеси и културолошки и финансиски. Да научам да бидам своја и од никого зависна. Морам да вложам и во себе и професионално. Без некој да каже, се гледа веднаш дека животот овде е поубав, за јадење и гардероба може да се купи, кола и куќа, што треба повеќе? Но? Што е проблемот? Наизглед, сè е нормално, но има проблем кој се крие и кога ќе излезе на виделина, мора да се оспособам да се справам со него.

Ден кој почна сосем нормално, онака како што посакувам, полн со изненадувања. Кај родителите на Стив ми беше пријатно, па низ град навистина се почувствував исполнета со убавини што ете од телевизија во живо видов еден убав град полн со споменици, статуи, мали паркови, големи облакодери и дополнително се запознав со пријатели на Стив. И на крајот од денов, се прашувам дали е можно и зошто се случува ова? Зошто мора секој ден да заврши со ваков глупав крај.

Стив може ме љуби, но на свој сопствен начин. Има некоја љубов, флуид, но не е доволно, страв ми е да изустам нешто. Се правам да е во ред, во сексот глумам совршенство, но ова е гол секс. Како може ова да се случува? Дали ова е љубов? Живот? Опсесија? Секс? Да, се плашам зашто кај Стив има една жичка на себичност, самобендисаност и може да ме избрка. Не можам освен на Кире на никого друг да му се доверам. А каде е Кире? Не го гледам деновиве. Леа исто така ја нема, но не ми недостасува.

Легнав, но не можев да заспијам. Дополнително, се вознемирив кога се сетив дека Кире го нема. Се симнав долу, но Стив спиеше на троседот. Дури се зачудив во каков длабок сон беше. Се качив горе и си легнав и за чудо лесно заспав. Утредента Стив ме разбуди со бакнеж: „Ајде мила, да одиме да закажеме венчавка.“ Се подготвив и отидовме. Ни закажаа за два месеца. Двајцата бевме среќни.

На враќање седнавме во кафетерија. Пиев топло чоколадо и им се воодушевував на минувачите. Сите брзаа, точно знаеја каде одат и беа безгрижни. Немаше страв во нивните очи. Многумина беа самоуверени, облечени обично, а сепак убаво. Го прашав Стив: „Зошто сите делуваат среќни? Верувам меѓу нив има и староседелци и туристи, а и новодојдени“. „Мила зашто сите заработуваат. Во родниот крај владее безработица, беспарица. А ти зошто си загрижена?“

„Не сум загрижена, Стив заборави, јас деновиве дојдов. Потребно ми е малку време да се стабилизирам. А и треба да почнам курс по јазик. Ооо, заборавив, каде е Кире? Стив ме погледна со чуден поглед и ми одговори: „Мила, има некоја работа со татко ми и брат ми. Да завршат ќе си дојдат“.

„Што работите“, прашав. Имаме фирма за блиндирани брави и за сигурносни системи. Правиме основа за многу работи“. Стив се насмеа загонетно. Потоа влеговме во супермаркет. Купивме сè што е потребно за дома и купивме риба за ручек. Се вративме дома.

Му заѕвони мобилниот. Се јави мајка му: „Стив ќе дојдете на ручек? „Не, мамо, ќе ручаме риба купивме испечена, а попладне ако можеме ќе поминеме“. Потоа почна да се смее: „Мила, овие мислат да не останеш гладна, не знаат дека имам сопруга која ја сакам и сакам нон-стоп да водам љубов со неа?“ Готова бев да проговорам, но се плашев, да не избувне.

Стив почна да ме бакнува страсно, со многу емоции. „Вики, многу те сакам. Премногу!!! Веќе сум зависен од тебе. Лице бело, гајтан веѓи, усни полни, очи на кои се забележува висок врат. Занесна убавино, се движиш лесно како грација, телото, колковите, градите ти се извајани, сексапил зрачиш од сите страни. Создадена си за манекенка. Да, и Даниел ми рече дека ќе те викне“. Ме гушкаше и соблекуваше дел по дел, ми ги бакнуваше веѓите, очите, ми ги штипеше колковите, а газето ми го гмечеше сè посилно.

Потоа седна на колена, ги рашири нозете и ми ги стави нозете на неговите рамена. Моите нозе се истегаа низ неговото тело до неговите рамена. Почна да ми ги бакнува прстите од нозете. Мислев цела ќе ме избакне и ишмука. Прекрасно чувство. Како Стив толку можеше да ме возбуди? Ми ги лижеше дојките. Потоа влезе длабоко во мене. Уживав во неговите прегратки. Воздивнував и треперев. Се припијував околу него. Тој ме водеше. Очите ми беа црвени и замаглени. Ме доведуваше до лудило. Едно време го извади неговиот убав кур и почнав да му го допирам главчето од кое му се цедеше сок. Но, повторно стана нестрплив и клекна, ме подигна и ме стави на неговиот кур кој беше остар како сабја. Веќе почнав да се грчам, а и Стив со мене. Заедно громогласно доживеавме екстаза. Се тресевме обајцата. Задоволството беше обострано.

Стив беше многу среќен и ми кажа: „Мила без прекин би водел љубов со тебе“, ми рече. Ти си толку слатка што би те бакнувал, лижел, дење ноќе. „Но, знаеш имаме обврски“. „И јас би водела љубов со тебе, но само со тебе“, му одговорив. Некако му дојде незгодно, но се направи дека не слушна.

ТУЃИНКА