Селфи со синот па китење на елката: Пресладок момент од домот на Слаткар и Сања

Добивај вести на Viber

Годинава, во екот на пандемијата, раперот Марко Маринковиќ- Слаткаристика и неговата сопруга, манекенката Сања го добија најубавиот подарок - нивниот син.

Слаткар тогаш во негов стил соопшти дека станал татко на синчето кое го крстија Моша.

Новопечените родители често споделуват моменти со малиот Моша, така и деновиве во духот со празниците кои доаѓаат, Слаткар сподели пресладок момент од китењето на Божиќното дрвце.

-Прво едно селфи, па можеме да почнеме со китењето, напиша тато Слаткар во описот на фотографијата од Сања и Моша и новогодишната елка.