Семејството на Брус Вилис е очајно: „Не разбира што му кажуваме, се молиме за чудо“
Холивудскиот актер Брус Вилис во март годинава ја извести
јавноста дека боледува од афазија, а извор близок до семејството открива дека
состојбата му се влошува.
- Тие знаат дека Брус нема да биде вечно наоколу. Затоа го ценат секој момент – изјавил изворот за странските медиуми.
Ема Хеминг и Деми Мур, сегашната и поранешна сопруга на Брус Вилис, се зближиле уште повеќе и заедно му помагаат на актерот да му го олеснат животот со болеста (афазија), а Деми се труди да биде во постојан контакт со него.
- Ја користи секоја прилика да помине време со него. Ако не е со него, се јавува на телефон само да го слушне гласот на Брус – објаснил изворот.
Големото семејство и сега, како и секоја година, ги поминува празниците во Ајдахо, а имаше неколку фотографии на кои Мур и Вилис позираат заедно со нивната 28-годишна ќерка Талула.
На фотографијата мајката и ќерката позираа гушнати, а им се придружи и Брус.
- Ги сакам моите родители и моето семејство - напиша Талула.
Изворот додал дека времето поминато заедно и традициите на ова семејство отсекогаш биле посебни и дека нивното пријателство сега продолжило и станало уште поубаво, но со доза на тага.
- Брус не може многу
да зборува и се чини дека не разбира многу од она што другите го зборуваат. Ема
стана негов глас и некој што комуницира за него - објасни изворот и додаде:
- Има денови кога гледаат парчиња од стариот Брус, но тоа се минливи моменти. Се чини дека Брус се повеќе и повеќе им се оддалечува и тоа им ги крши срцата. Не можат да го замислат Божиќ без саканата личност - вели изворот.
-На неговите постари ќерки им недостига татко им таков каков што беше, тој што ги задеваше за нивните момчиња и им даваше несакани совети. Со доаѓањето на празниците, се што можат е да му кажат дека го сакаат и да се молат за чудо“, заклучил изворот.
Брус се ожени со Ема во 2009 година, а заедно имаат две ќерки, Мејбел и Евелин. Од друга страна, тој и Мур беа во брак од 1987 до 2000 година и заедно ги имаат ќерките Румер, Талула и Скаут.
Фото и Видео: Инстаграм