СЕНЗУАЛНИ, ПЕРВЕРЗНИ, АВАНТУРИСТИ: Какви се хороскопските знаци во сексот

Добивај вести на Viber

Овенот сака груб секс, Шкорпијата е перверзен, Бикот сензуален ...

Овен сака повеќе груб секс. Овој знак сака да ја почувствува енергијата на партнерот.

Ако сте вљубени во овен, не двоумете се веднаш да преминете од зборови на дела. Претставниците на овој знак се секогаш подготвени за експерименти, но пуштете ги да ги водат работите.

Тие се верни партнери, но не и ако нивната партнерка не може да ја задоволи нивната сексуална енергија. Овните не можат да бидат во врска со некој кој не може да го следи темпото.

Биковите се сензуални, сакаат нежен секс, а најдобра љубовна игра за нив е чаша вино, топло чоколадо или добар доручек. Важно за нив е да се одвива полека, без да се брза. Биковите се верни, додека партнерот не им се здосади. Сепак тие не сакаат промискуитетни врски, затоа ставаат квалитет над квантитет.

Близнаците се игриви во сè, вклучувајќи го и сексот. Добриот разговор за нив е афродизијак. Ако не успеете да ги освоите со зборови, тогаш не се обидувајте со друго. Тие сакаат еротски приказни, авантуристички секс со костими и маски. Не ги менуваат партнерите лесно, но тешко се решаваат на врска со некого.

Раковите се личности кои лесно ќе ги освоите на нивна територија, на пример во нивниот дом. Направете им го омиленото јадење и не брзајте, бидејќи Раковите сакаат сè да се одвива бавно. За нив чувства се позначајни од секс, но не може да се каже и дека се најверните знакови во хороскопот.

Лавовите сакаат луксуз и гламур. Одведете го на убави места, може и меѓу природата, ја обожаваат пригушената светлина, ставете им чаша вино и ги полејте ги со милувања. Со други зборови разгалете ги, тие се кралеви меѓу животните. Не брзајте, бидејќи лавовите знаат точно што сакаат.

Не вреди да ги убедувате во ништо. Сакаат да гледаат порно филмови, но ретко со партнерот. Сакаат да учат нови работи и да се во тек со работите, вклучувајќи и со сексот. Никогаш нема да останат во врска или брак без емоции.

Девиците тешко се опуштаат. За тоа им помага убавата долна облека и пригушеното осветлување. Девицата сака внимание, ситни гестови и убави моменти. Овој знак има потреба од внимание, таа е една од најверните знаци.

Вагата сака секс секој ден. Тие не можат да се воздржат, но и покрај тоа ги ставаат чувствата на прво место. Не ги интересира каде ќе водат љубов, најважно е да се почувствуваат посакувани.

Шкорпијата е еден од најпознатите перверзни знаци. Знае како да го привлече спротивниот пол, ги сака порно филмовите и експериментирање со различни пози. На овој знак му е потребен добар љубовник.

Стрелецот е авантурист, кој сака сѐ да проба. Знае дека тоа не може да се случи само со еден партнер, затоа сака да ги менува. Се труди да биде отворен кон сè. Ги сака слободата и сексот, и ако партнерот не го поддржува во тоа или нема доволно енергија, нема да остане долго во неговиот живот. За Стрелецот сексот е многу важен индикатор дали се во врската е во ред.

Јарецот е еден од најфините и апстинентни (воздржувачки) знакови во хороскопот. Тој е верен до мозокот на коските. Може со часови да размислува за претстојната романтична вечер или за нови пози, но само ако сака. Ако не се труди, значи не чувствува ништо кон вас. Тој е трпелив. За секс со Јарец може да чекате долго, но кога тоа се случи, ќе дознаете дека чекањето вредело.

Водолијата сака да истражува. Не сака да чека за секс, но никогаш нема да го притиска партнерот. Ако сакате секс во лифт, во автомобил, на плажа, Водолијата е за вас. Еротските филмови се нивен омилен жанр.

Рибите се чувствителни. Тие сакаат нежни милувања во позадина на добра музика и чаша вино. Квалитетната храна е одличен афродизијак за нив. Но лесно се досадуваат и губат интерес. Склони се кон паралелни врски, пред сè за секс.