Серена Вилијамс го очекува второто дете! Веста ја сподели во свој стил, со мала помош на ГУЧИ!

Добивај вести на Viber

Легендарната тенисерка повторно ќе стане мајка, како што најави на вчерашната Мет Гала

Синоќа во Њујорк се одржа долгоочекуваната Мет Гала, хуманитарна вечер која традиционално се одржува во музејот Метрополитен, на која се собраа голем број познати личности.


И додека познатите се прошетаа по црвениот тепих и нѐ воодушевија со своите модни изданија, инспирирани од овогодинешната тема „Карл Лагерфелд: линија за убавина“, една од дамите реши токму таму да ја објави својата прекрасна вест.

Имено, тенисерката Серена Вилијамс се појави во многу елегантен фустан на модната куќа Гучи, кој го истакна нејзиниот труднички стомак!

Спортистката на Мет Гала дошла со сопругот Алексис Оханијан, успешен бизнисмен, а на Инстаграм потврди дека не се сами.

- Бевме возбудени што Ана Винтур не покани тројцата на Мет Гала - изјави легендата на светскиот тенис.


Серена се појави во црна тоалета со долги и проѕирни ракави, додека долниот дел од фустанот е драматично бело шифон здолниште кое се слева во ефектен шлеп. Покрај тоа, таа носеше многу слоеви бисери околу вратот, а носеше и додаток од бисерна коса и дијамантски обетки од Tiffany & Co.

Серена Вилијамс и Алексис Оханијан веќе имаат ќерка, Алексис Олимпија Оханијан (5).