Животна училница // Приказни
Северина го изгуби старателството: Синот ќе го гледа само два дена во неделата
- 28 Ноември, 2019
Поп-ѕвездата Северина Којиќ (47) го изгуби спорот со нејзиниот поранешен сопруг за старателството на нивниот син Александар, пишуваат регионалните медиуми.
Судот донесе привремена мерка и во пресудата одлучи детето во иднина да живее со својот татко, српскиот бизнбисмен Милан Поповиќ (54).
- Задоволни сме од пресудата, иако се’ уште не е правосилна. Се надеваме дека мајката ќе се придржува кон привремените мерки - изјавил за 24сата.хр адвокатот на Поповиќ.
Северина ќе може својот син да го гледа само попладне двапати неделно и секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер.