Северина не смее да објавува фотографии од синот: Му честиташе роденден со песна од Балашевиќ и емотивен статус

Добивај вести на Viber

„Среќен роденден чудо мое!“

Вчера Александар, синот на Северина имаше роденден, а пејачката призна дека дури не смее ни да објавува фотографии со нејзиното дете, но најде начин јавно да му честита роденден.

Имено, таа објави графит од нив двајцата заедно со песна од Балашевиќ и емотивна посвета:

Кога се роди, во Сплит врнеше снег. Кога се роди ти, се родив и јас. Привремено не ми е дозволено да објавувам твои слики, но графитите на ѕидот на една куќа, кои штотуку ги добив, сè уште не се забранети... Ви благодарам добри луѓе што ми ги испративте овие графити и благодарам на авторот,.. Среќен роденден, чудо мое - напиша Северина.

Откако пред неколку години судот, на Северина ѝ го одзеде старателството над нејзиниот син единец, Александар, пејачката се уште води битки.

Пресудата во 2019 година одлучи детето во иднина да живее со својот татко, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ (54). Но Северина никогаш не се помири со тоа, и во повеќе наврати јавно зборуваше дека таткото на Александар се обидува да го оддалечи детето од мајката на секој можен начин.

ВИДЕО: