Северина оперирана, две недели мора да мирува

Добивај вести на Viber

Северина утрово ги вознемири своите обожаватели кои редовно ја следат на Инстаграм објавувајќи фотографија од болничка соба која за кратко време ја избриша. Нејзиниот пиар, Давор Гргин, информира дека хрватската поп-ѕвезда имала рутинска операција поради која ќе мора да мирува во наредните две недели.

- Станува збор за рутинска операција на хернија која веќе подолго време ѝ создаваше проблеми во секојдневниот живот. Минатото лето болките стануваа неиздржливи, па мораше да откаже и повеќе закажани настапи. Операцијата помина во најдобар ред и Северина веќе е пуштена на домашно лекување - откри Гргин за „Индекс“.