Северина знае како да изгледате секси на плажа: Модни совети кои ќе ве направат кралица на стилот (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Сезоната на плажа и костими за капење во голема мера започна. Овој факт израдува многу девојки, бидејќи нема многу оптоварување околу стајлингот. Според многумина, костим за капење и очила за сонце е сѐ што ви е потребно.

Сепак, постојат различни детали кои ќе го зачинат вашиот изглед, а ќе направат да изгледате како вистинска кралица на стилот.

Судејќи по фотографиите кои ги додаде на својот Инстаграм профил, Северина е една од најголемите кралици кога станува збор за стајлингот на плажа.

Еве кои нејзини трикови можете да ги користите:

Шешир



Тој е на врвот на оваа листа со причина. Шапката е неизбежен моден детаљ во текот на летото, особено на плажа. Покрај тоа што ќе направи да изгледате грациозно, ќе ве заштити и од сонцето!

Марама

Скоро секоја девојка ја има во својот плакар. Изберете го вашиот фаворит и врзете го околу вашата глава, исто како што направи Северина. Ќе изгледате многу смело и урбано!





Марамата може да послужи и како одличен трик доколку сте во оние денови кога вашата коса навистина не ве слуша.

Можете да ја врзете и околу раката, слободно разгорете ја фантазијата.

Кимоно или наметка

Кимоното одлично ќе ве послужи доколку сакате да одите на плажа на пијачка или ручек. Нема потреба да се пресоблекувате и да барате фустан за носење. Едноставно земете кимоно и чувствувајте се опуштено.




Реси

Ресите се маст хев оваа сезона се реси. Изберете го омиленото парче облека со реси и бидете во тренд.


Со овие модни совети, сигурни сме дека ќе бидете забележани!



Фото: Инстаграм Северина официјален профил