Шакира избрана за „Жена на годината“ на Billboard: Веќе не е толку важно дали некој ти е верен или не
Колумбиската пејачка ја доби оваа награда на Billboard's Women in Latin Music Awards во Мајами
Шакира, после турбулентниот личен период, ужива во слаткиот професионален момент кој ѝ се случи.
Колумбиската уметница ја доби наградата за жена на годината на Billboard's Women in Latin Music Awards во саботата, настан што се одржа во Watsco центарот во Мајами, каде пејачката моментално живее со своите деца.
Поранешната партнерка на Жерар Пике ја прими наградата од Малума и одржа говор кој се најде на насловните страници.
„Во животот на секоја жена доаѓа момент во кој таа не зависи повеќе од некој друг за да ја сака и да ја цени таква каква што е“, рече Шакира.
„Потрагата по другиот се заменува со потрагата по себе, кога желбата да се биде совршен се заменува со желбата да се биде автентичен“.
Шакира ја врати фигурата на понезависна жена, нешто што предизвика многу аплаузи во Watsco центарот.
„Ова е година во која сфатив дека жените се многу посилни отколку што мислиме“, продолжи таа.
„Похрабри сме отколку што мислиме дека сме. Мислам дека сме и понезависни отколку што нè учеа да бидеме.
„Која жена не поминала низ искуството да бара внимание, наклонетост или одобрување од другите и не заборавила на себе? Тоа ми се случило.
Шакира и верностa
Пејачката го вреднуваше и односот на жените во одредени ситуации кои се случуваат кога се во пар.
„Не е толку важно дали некој е верен или не, она што навистина е важно е дали ќе продолжите да си бидете верен на себе“, рече таа.
На крајот од оваа реченица се слушнаа бурни овации. Од друга страна, Шакира ѝ се заблагодари на музиката за помошта во тешките моменти.
„Вистина е дека кога се чувствував најизгубена, музиката ме врати на патот назад кон себе“, заклучи таа.
„Најважните лекции што ги научив од другите жени.
„За нив, за вас го напишав тоа што го напишав и го испеав тоа што го пеев затоа што само жената може да сака додека не се распарчи“.
За оваа прилика 46 годишната пејчка облече краток мини фустан и сандали со ременчиња на висока потпетици.
FOTO: Instagram screenshot