Шакира на луксузна јахта: Луис Хамилтон и Том Круз во игра, ќе се појави ли некој друг (ФОТО)

Откако се врати во Латинска америка, пејачката Шакира ја следат папараци насекаде. По разделбата со таткото на нејзините две деца Жерар Пике, таа со синовите се реши да се врати дома.

А минатиот викенд беше забележана во Мајами во друштво на британскиот Формула 1 возач Луис Хамилтон (38).

Заедно уживаа на неговата јахта во друштво на неколку пријатели, а набрзо почнаа гласините за можна романса.

Шакира е видена на самата трка со актерот Том Круз (60), а по натпреварот на вечерата со Луис Хамилтон. Луис навистина не се прослави на патеката, беше на шестото место, додека Холанѓанецот Макс Верстапен го зазеде првото место. 

Многу убавици паднаа на Луис Хамилтон, а меѓу нив се Никол Шрезингер, Рита Ора, а наводно и Кендал Џенер.

Минатата година Шакира ја раскина долгогодишната врска со фудбалерот Жерар Пике (36) поради неговата афера со студентката Клара. За нивното раскинување пишуваа сите светски медиуми, а за тоа пееше и Шакира во хит песната Bzrp Mussic Sessions Vol.53.


Фото: Профи медиа

Видео: Youtube