Шанел ја исфрли употребата на крзно и егзотична кожа од животни

Добивај вести на Viber

Шанел стана еден од првите луксузни брендови кои го спречија користењето на егзотични кожи во нивните колекции.

Шанел повеќе нема да користи кожа од крокодили, гуштери или змии, а тоа го потврдија и со отстранувањето на чантите од питонска кожа од веб-страницата на Шанел, почнувајќи од вторник, 4-ти декември.

Како дел од овој брилијантен чекор напред, модната куќа на висока мода, исто така, ќе ја забрани употребата на крзно од животни како што се ракуни кучиња, видри и зајаци.

Поборниците за правата на животните го пофалија овој напредок, повикувајќи повеќе компании да го следат Шанел.

Други дизајнери кои се обврзаа да не користат вистинско крзно се Гучи, Барбери, Џон Галијано, Армани, Коаќ, Донатела Версаче и Мајкл Корс.

- Нема ништо трендовски во користењето украдена кожа од мачени животни за облека или модни додатоци. Неодамнешните достигнувања во текстилот направија лажното крзно и вегетаријанската кожа да не се разликуваат од животинските кожи, далеку се поодржливи и бескрајно приспособливи, што значи дека едноставно нема причина да се одгледуваат и убиваат животни за мода. Јасно е дека сега е време за сите компании, како Луј Витон, да го следат водството на Шанел и да се почнат да работат со иновативни материјали, кои ќе ги поштедат безброј животни од мизерен живот и насилна, болна смрт - напиша американското здружение за правата на животните - PETA.