Шефот на Интерпол: Вакцините ќе се чуваат на тајни места

Се очекува криминалот да се зголеми за време на транспортот на вакцините

Генералниот секретар на Интерпол Јирген Сток предупреди дека со испораката на вакцини против вирусот ковид-19, тој очекува „драматично“ зголемување на криминалот.

„Со испораката на вакцини, криминалот драматично ќе се зголеми“, рече тој во германскиот весник „ Wirtschaftswoche (Виртшафтсвоче)“.

Како што изјави, „ќе бидеме сведоци на кражби, кражби во магацини и напади за време на транспортот на вакцините“.

Во Германија, федералната полиција е одговорна за доставување вакцини што ќе се чуваат на тајни места.

Европските здравствени власти денес треба да одлучат за пласирање на првата вакцина.