Шерон Стоун и Џеј Ло ги носат нејзините креации: Мелина, сопругата на пејачот Харис Џиновиќ стана светски успешна модна креаторка
фото:Profimedia/Promo/Pixsell
-Бев преплашена затоа што не учев за дизајнер и не знаев како ќе ме дочекаат професионално. На сето ова инсистираше Харис, тој беше главниот двигател - открива Мелина Џиновиќ.
Покрај јавни личности, како Светлана Цеца Ражнатовиќ, креациите на Мелина имаа можност да ги носат и светските ѕвезди Џенифер Лопез, Шерон Стоун, Софија Вергара, Кејт Бекинсејл и Парис Хилнитон. Организираше ревии и во светските модни метрополи како Милано, Мајами и Сао Паоло, а за нејзиниот бренд пишуваше и познатиот магазин „Вог“.
Мелина (Галиќ) Џиновиќ е моден дизајнер, сопственик на брендот „Хамел“ и сопруга на фолк пејачот Харис Џиновиќ. Таа е родена во 1982 година на Бихаќ, но поголемиот дел од животот го поминала во Загреб. Со сопругот и децата Џина и Кан живее на релација Белград - Париз - Штутгарт.
Тамошната јавност ја запозна во 2004 година како сопруга на босанскиот пејач и текстописец. Во тоа време била студентка во четврта година на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Загреб. Неколку години подоцна, таа го основа својот моден бренд „Хамел“, а нејзината работа стана позната и надвор од Балканот.
Во 2002 година како апсолвентка ги прекинала студиите и се омажила за три децении постариот пејач, Харис Џиновиќ, а потоа го основала својот моден бренд. Како што рекла еднаш, нејзините родители не се согласувале со нејзината одлука да го напушти факултетот. Нејзината мајка секогаш ѝ велела прво да дипломира, па дури потоа да одлучи за следниот чекор во животот. Меѓутоа, младата загрепчанка со босанско потекло имала други планови, кои подоцна се покажале како многу успешни.
Уште пред да заплови во модните води, Мелина важеше за девојка со стил.
Првиот чекор го направи во Париз во 2010 година, каде што ја одржа својата прва модна ревија. Набрзо, благодарение на контактите што ги имаше Џиновиќ низ светот, се дозна за нејзиниот бренд „Хамел“. Првата од музичките ѕвезди што ги носеше креациите на Мелина Џиновиќ беше фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ. Покрај ревиите што ги организираше во Париз и Белград, таа доби можност да ги претстави своите креации пред љубителите на модата во Милано, Мајами и Сао Паоло. Благодарение на тоа почнаа да пристигнуваат понуди за соработка со големи холивудски ѕвезди. Познато е дека една од обожавателите на нејзините креации е пејачката и актерка Џенифер Лопез, која во неколку наврати ги носеше фустаните на Мелина.
На свадба одржана во август 2017 година во Њујорк, Џеј Ло се појави во провокативен сино-зелен фустан од брендот на Мелина „Хамел“, во кој успеа да засени многу нејзини колешки. Станува збор за долг фустан кој одлично ја истакна нејзината фигура.
Покрај латиноамериканската дива, креациите на брендот „Хамел“ носеа и Парис Хилтон, Шерон Стоун, Кејт Бекинсејл, Памела Андерсон, Софија Вергара и други дами познати по својот префинет вкус. Затоа и не е чудно што познатиот магазин „Вог“ пишуваше за нејзината работа.