Шест причини зошто појадок на база на чоколадо е добар за вас

Добивај вести на Viber

 За да ви помогнеме да не се чувствувате виновни, составивме листа корисни причини зошто појадокот со чоколадо всушност е добар за вас.

Чоколадата ве прави среќни

Чоколадата е позната по тоа дека поттикнува добро расположение и ослободува бројни „среќни“ хормони во мозокот.

Може да помогне во отстранување на стресот

Студии покажале дека темната чоколада може да ги намали хормоните на стрес за само две недели.

Во текот на денот ќе јадете помалку

Верувале или не, конзумирањето на чоколада може всушност да го намали вашиот апетит, што значи дека ќе бидете помалку склони кон предјадење во текот на цел ден.

Може да ви помогне со ПМС

Црната чоколада дејствува како совршен лек за многу ПМС симптоми како што е замор, раздразливост , напнатост и сл. Антиоксидантите исто така ги активираат ѕидовите на крвните садови како би се опуштиле, би го намалиле крвниот притисок и подобриле циркулацијата.

Ви помага да се разбудите

Содржината на кофеин во чоколада може да варира од видот на чоколада но сепак сите чоколади ќе донесат благ стимулативен ефект. Појдадокот на база на чоколада ќе ви помогне наутро полесно да се разбудите.

Добра е за вашата кожа

Една од помалку познатите предности на чоколадата е тоа што навостина можете да направите неверојатни нешта за вашата кожа.

Може да ви помогне да одржите здрав сјај со модулација на здравиот проток на крв, додека се покажало дека високиот флаванол какао прав пружа ефикасна одбрана од изгореници од сонце.