Шестчасовна операција за отстранување на рак на панкреасот: Сопругот на Кјара Ферањи пред само една недела дознал дека има тумор

Сопругот на инфлуенсерката и модна блогерка Кјара Ферањи (34), музичарот Федез (32), чие вистинско име е Федерсио Леонардо Лусија, има рак на панкреасот. 

Минатата недела дознал дека има „редок невроендокрин тумор на панкреасот“.

Италијанскиот рапер во Инстаграм објава напиша дека тоа е еден од оние тумори кои „не се пријатен цимер“ во вашето тело доколку не ги забележите доволно рано. Затоа Федез мораше да биде подложен на шестчасовна операција. Туморот, вклучително и дел од неговиот панкреас, беа отстранети вчера.

Раперот на социјалните мрежи објави неколку слики од болницата, каде ја прикажува својата голема лузна на стомакот.

Два дена по операцијата му оди добро со оглед на околностите, напиша Федез, кој со нетрпение очекува да се врати дома кај своите деца. 32-годишникот им се заблагодари и на своите фанови за многуте пораки за поддршка и на сите вработени во болницата.


Познатата блогерка, неговата сопруга напиша:

- Оваа слика е направена во понеделник попладне во болница, ден пред неговата деликатна операција на панкреасот.

Бевме исплашени за сè: неговата дијагноза, неговата операција, неговото закрепнување, нашиот живот и нашето семејство.

Операцијата во вторникот помина добро, и тој сега се опоравува и се надеваме дека ова ќе биде само лош спомен кој не научи, уште еднаш, на важноста да уживаме во животот максимално, секојдневно 

Благодарност до сите луѓе кои направија да ја почувствуваме нивната љубов, посегнаа и кажаа молитва за нас, тоа ни даде многу сила - напиша познатата Кјара.

View this post on Instagram

A post shared by FEDEZ (@fedez)


Федез:

 - Минатата недела дознав дека имам редок невроендокрин тумор на панкреасот.

Еден од оние кои ако не ги откриете на време, не е убав „цимер“ за да го имате внатре во телото. Причина поради која морав да се подложам на операција која траеше 6 часа за отстранување на дел од панкреасот.

Два дена по операцијата, добро сум и едвај чекам да си одам дома кај моите деца. Закрепнувањето ќе потрае некое време.

Благодарност до лекарите, хирурзите и медицинските сестри кои беа покрај мене во овие денови. Огромна благодарност и за сите пораки за поддршка и позитивност што ми ги испративте - Федерико.

Кјара Ферањи и Федез се во брак од крајот на 2018 година. Нивниот син Лео се роди неколку месеци порано. А во март 2021 година, ја добија и ќерката Виторија.

View this post on Instagram

A post shared by Chiara Ferragni (@chiaraferragni)


Неверојатната судбина на најбогатата русокоса! Поради изгледот со години била понижувана, а денес заработува милиони и го живее својот сон