„Шик е да се разведеш до 30“: Емили Рајтаковски има порака за сите оние чии бракови се распаднале
Познатата манекенка Емили Ратајковски реши да го сподели своето мислење за разводот во видео на TikTok
По неодамнешната вест за разводот на актерката Софи Тарнер и пејачот Џо Џонас, познатата манекенка Емили Ратајковски реши да го сподели своето мислење во видео на TikTok.
„Значи, изгледа дека многу млади дами се разведуваат пред 30. Како некој што се омажил на 26 години, а е разведен нешто повеќе од една година, морам да ви кажам, мислам дека нема ништо подобро, започна таа, додавајќи дека животот во дваесеттите години е „како во ровови“.
@emrata personally i find it chic to be divorced by the age of 30
original sound - Emrata
„Нема ништо поубаво од тоа да имаш 30, сè уште си згодна и можеби имаш нешто свои пари“, продолжи таа и истакна дека на сите им претстои уште цел живот пред нив.
„Значи, за сите оние луѓе кои се под стрес поради разводот, тоа е добро. Секоја чест“, заклучила таа, а во описот на видеото напишала: „Шик е да се разведеш до 30“.
Да потсетиме, манекенката во септември минатата година поднесе барање за развод од сопругот Себастијан Бур Меклард. Тие беа во брак четири години и заедно го имаат синот Силвестер Аполо Бер.
foto: instagram printscreen