Фасцинантно: Шминкер трансформирал баба во Ким Кардашијан - ќе се воодушевите кога ќе го видите крајниот резултат (ВИДЕО)

Препознатливата шминка на Ким Карадашијан стана толку популарна што нејзиниот шминкер Марио Дедивановиќ стана светска ѕвезда. Марио и Ким се тандем од соништата, а доказ за тоа се и други шминкери чии клиенти покажуваат фотографии од популарната старлета со желба да ги нашминкаат баш така.

И додека претежно помлади жени на своите шминкери им покажаа фотографија од Ким Кардашијан, сакајќи да бидат нашминкани како неа, ова го посакала и една баба. Видеото од оваа трансформација за кратко време стана вирално, а го погледнаа повеќе од два милиони луѓе, сето тоа поради трансформацијата во, ни помалку, ни повеќе, Ким Карадашијан.

На самиот почеток на видеото можете да ја видите бабата како држи фотографија од Ким Карадашијан и му сугерира на шминкерот дека сака да личи на неа.

Шминкерот имал полни раце работа, бидејќи на бабата ѝ ставил перика, леќи, го контурирал деколтето, а на крајот дојде и беспрекорна шминка.

Целиот процес на трансформација изгледа неверојатно, а шминкерот откри дека ова искуство е посебно за него.