ШОКАНТНО: „Џонсон бејби“ знаеле дека бебешката пудра содржи азбест

Добивај вести на Viber

„Џонсон и Џонсон“ со децении знаеле дека бебешката содржи азбест, објави Ројтерс во новиот извештај што во петокот ги намали акциите на компанијата за повеќе од 10 отсто.

Ројтерс го базираше својот извештај од прегледот на документи, истражување и судење. Во извештајот се вели дека ревизијата покажа дека од 1971 до раните 2000-ти, раководителите на „J & J“, менаџерите, лекарите и правниците биле свесни дека пудрата на компанијата понекогаш била позитивна на мали количини на азбест. 

Компанијата објави соопштение во петокот, нарекувајќи ја статијата на Ројтерс „еднострана, лажна и неинформирачка".

- Едноставно кажано, приказната на Ројтерс е апсурдна теорија на заговор, со оглед на тоа што очигледно оваа компанија е успешна повеќе од 40 години, прегледувана од глобални регулатори, најистакнатите научници и универзитети во светот, водечките независни лаборатории и самите вработени во „J & J“ - изјави компанијата во соопштението.

Ројтерс стои зад своето известување, изјави портпаролката за CNBC.

Компанијата се соочила со илјадници тужби во кои тврдат дека производите како бебешката пудра содржат азбест и предизвикуваат неколку видови на рак. 

Судот во Мисури во јули пресуди „J & J“ да плати 4,69 милијарди долари на 22 жени и нивните семејства. Судијата ја потврди пресудата во август, и „Ј & Ј“ вети дека ќе поднесе жалба.