Шокирани од лицето на Никол Кидман: Што се случува со актерката? (ФОТО)
Фото: Profimedia
Новиот филм на Арон Сорокин „Being the Ricardos“ со Никол Кидман и Хавиер Бардем привлече големо внимание кај филмската публика. Најконтроверзно беше појавувањето на Никол Кидман.
Веќе не е тајна дека актерката има направено доста естетски зафати во последните десет години. Никол Кидман на публиката од година во година ѝ изгледа сè почудно и почудно, но велат дека ова е нејзиното најбизарно издание.
Фото: Profimedia
Во филмот „Being the Ricardos“, Никол го игра ликот на кралицата на малите екрани во 1950-тите, Лусил Бол.
Никол Кидман не наликува на ликот на познатата американска актерка во филмот, па филмските критичари и дел од публиката бурно реагираа за кастингот, апелирајќи дека за оваа улога повеќе одговараат други актерки.
Фото: Profimedia
Во напис за „Independent“, Кевин Пери, филмски аналитичар кој со години пишуваше за „Guardian“, наведува дека не е важно дали актерот или актерката физички личат на историска личност, туку дека најважно е дали срцето на актерот се остава пред камера.
Уште во април, фотографиите на Никол Кидман како Лусил Бол предизвикаа бурни реакции бидејќи луѓето коментираа дека „Никол Кидман личи на Никол Кидман“.
Поради шминката и маската што ги носи Кидман за филмот, многумина мислеа дека оскаровката повторно нешто направила со лицето. Имено, дури кога таа неодамна се појави на црвениот тепих со својот сопруг Кит Урбан по повод премиерата на „Being the Ricardos“, на сите им беше јасно дека нема некои големи драстични промени.
Извор: zena.blic.rs