Шопската салата од Македонија избрана во топ јадења со домати од светската кулинарска новинарка од Холандија

Кулинарската новинарка Јанеке Вругденхил ги наведува нејзините омилени рецепти со домати

Септември е топ месец за домати. Изборот на можности за јадења што можете да ги приготвите со нив е огромен, а токму познатата кулинарска новинарка Јанеке Вругденхил ги издвои рецептите од домати кои срдечно ги препорачува.


Меѓу нив се најде и шопската салата, која оваа новинарка ја пробала додека била на посета во Скопје во 2019-та година. Таа ја нарекува салата со домати од Скопје.

- Менијата беа полни со локални јадења, а секое звучеше уште подобро од следното. На секое мени се наоѓаше едно јадење: шопска салата, салата од краставици, домати, кромид и бело сирење. Бидејќи има мали шанси да најдете македонско бело сирење во супермаркетот зад аголот, секое друго бело сирење ќе го стори истото - пишува Јанеке во својата колумна за девет омилени рецепти со домати.

Според групата „GroentenFruit Huis“, доматите со години се најјадениот зеленчук во Холандија. Така што таа обожава салати со домати.


Во останатите рецепти се најдоа супи од домати, сос од домати, Украински ферментирани домати, тестенини со шери домати, авокадо тост со домати кафе и чоколадо.


Извор: www.nrc.nl