ШПАНИЈА: Ако имаат болна менструација, жените ќе можат да отсуствуваат 3 дена од работа?

Во Шпанија се размислува за донесување закон, според кој на жените им е дозволено да пропуштаат 3 дена месечно од работа, доколку имаат болен менструален циклус

Се очекува овој закон да биде усвоен во текот на оваа недела, што значи дека Шпанија ќе стане првата земја во Европа која ќе им обезбеди на жените ваков вид поддршка. Претходно тоа го направија Јапонија, Јужна Кореја, Индонезија и Замбија.

Шпанското здружение за гинекологија и акушерство претходно откри дека приближно една третина од жените со менструација страдаат од дисменореа, или болка во матката. Тие исто така доживуваат дијареа и силни главоболки.

Истражувањето на хуманитарната организација „Bloody Good Period“ покажало дека на 73 отсто од жените им е тешко да работат за време на менструален циклус, пишува „Klix.ba“.

„Ваков вид на податоци се неприфатливи. Лекарите и остатокот од општеството треба повеќе да се вклучат во решавањето на овој проблем. Кога проблемот не може да се реши медицински, мислам дека е разумно да се прогласи за привремена попреченост. Значи, ако жената има многу болен циклус, треба да ѝ се дозволи да остане дома“, изјави шпанскиот државен секретар за еднаквост и борба против родовото насилство, Анџела Родригез за „El Periodico“.

Ученичките во училиштата во Шпанија ќе можат бесплатно да користат хигиенски средства. Исто така, ќе се укине ДДВ за продажба на влошки и тампони во супермаркетите.


Извор: stil.kurir.rs