Шпанската кралица изгледа врвно во најмодерните фармерки сезонава: Кул модел идеален за урбана комбинација (ФОТО)
Шпанската кралица Летиција е позната како икона на стилот, жена верна на елеганцијата и класичните парчиња, а секое нејзино издание ги воодушевува љубителите на модата и трендовите.
Најчесто ја гледаме во софистицирани, елегантни комбинации прилагодени на свечени пригоди, и вистинско задоволство е понекогаш да се види каков стил избира оваа 48-годишна дама во обични, секојдневни ситуации.
Летиција неодамна ја испрати својата ќерка Софија на училиште во Велика Британија, и целиот настан беше многу емотивен, со оглед на тоа што 14-годишната тинејџерка се разделува од своето семејство за прв пат по долго време.
Веруваме дека модата овојпат беше последната работа на кралицата, но официјалните фотографи на кралската палата, како и папараците, секако го овековечија моментот.
Летиција изгледа многу младешки и модерно во едноставна, опуштена комбинација во неутрални тонови, како што доликува на обичното патување до аеродром. Но, дури и нејзиниот скромен моден избор беше забележан, а трендсетерките тврдат дека е одлична опција за денови без деловни обврски.
Оваа дама комбинираше бели парчиња - фармерки, памучна маица и патики, и ги надополни со впечатлива беж јакна. Главната sвезда на оваа облека дефинитивно беа фармерките - тоа е модел кој е еден од најпопуларните оваа сезона.
Овој модел на фармерки има карактеристична должина - достигнува до зглобот, а кројот е опуштено и малку во форма на ѕвонче. Изгледа урбано и кул, а одлично стојат со патики и се многу погодни за носење - покрива многу прилики, па дури и оние поформалните доколку го носите со високи потпетици.
Извор: zena.blic.rs
Фото: Profimedia/Instagram Queen Leticia