Штити и од британскиот сој на корона вирус: Една вакцина е ефикасна во борбата против мутациите на ковид-19

Добивај вести на Viber

Истражувањето на Универзитетот Оксфорд дава надеж дека британските и јужноафриканските соеви на ковида-19 нема да предизвикаат дополнителни застрашувачки сценарија

Студија на Универзитетот во Оксфорд покажа дека веќе постои вакцина во светот која е ефикасна во борбата против новите сорти на коронавирус, оние кои доаѓаат од Велика Британија и Јужна Африка.

Станува збор завакцината Pfizer (Фајзер), за која се покажа дека предизвикува создавање на антитела во телото на пациентот, способни да детектираат нови, мутирани форми на коронавирус.

- Вакцината предизвикува и формирање на таканаречени Т-клетки на имунолошкиот систем, кои се одговорни за производство на антитела и кои сами се борат против инфекциите - се наведува во извештајот на Оксфорд.

Да ве потсетиме, Во светот се појавија неколку новисоеви на ковид-19, кои се покажаа дека предизвикуваат посериозна клиничка слика од првичната и за кои се стравуваше дека се поотпорни на досега направените вакцини.

Вакцината Пфајзер е, патем, 95% ефикасна во борбата против коронавирусот.


Можеби ќе ве интересира:

НОВА НАДЕЖ: Европската агенција за лекови почнала со проценка на вакцината на германската Кјурвак