Што е долготрајна корона? Мирис на риба, сулфур и нешто слатко

Добивај вести на Viber

Специфични симптоми на долготрајна корона - смрдеа од риба, изгореници и сулфур

Луѓето кои долго време се опоравуваа од вирусот ковид-19 објавија дека имаат мирис на риба, сулфур и нешто слатко.

Овој феномен е познат како парозмија, што значи нарушување на сетилото за мирис и е најизразен кај младите и здравствените работници.

Оториноларингологот професор Нирмал Кумар вели дека симптомот е многу чуден и уникатен.

Кумар беше меѓу првите лекари кои во март идентификуваа аносмија или губење на мирис, како симптом на инфекција со коронавирус.

Тој рече дека некои пациенти пријавуваат дека им мириса на риба наместо на било кој друг мирис, а други дека чувствуваат мирис на чад(горење) дури и кога во близина нема оган.

Кумар објасни дека Ковид-19 е „невротропен вирус“, односно дека го напаѓа нервното ткиво и влијае на нервите на врвот на носот, што е шок за нервниот систем.


Можеби ќе ве интересира:

Руски научник советува кој вид храна треба да се јаде повеќе по примањето на вакцината „Спитник V“