Руски научник советува кој вид храна треба да се јаде повеќе по примањето на вакцината „Спитник V“
Исто така, апелираат да не се изложувате на стрес...
Руски научници препорачаа сите што примаат вакцина против ковид-19 да консумираат храна богата со протеини, бидејќи нивниот недостаток, како и стресот, можат негативно да влијаат на производството на антитела.
„Луѓето кои примаат вакцина КОВИД 19 би требало да јадат повеќе храна богата со протеини, бидејќи недоволната количина на протеини може негативно да влијае на производството на антитела кон коронавирусот“, рече Александар Гинтсбург, раководител на Рускиот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви вакцина „Спутник V“, а пренесува од Танјуг.
- Количината на храна богата со протеини, односно количината на протеини во исхраната има големо влијание врз производството на антитела. Производството на антитела е процес што троши многу енергија, така што внесувањето месо, но не и маснотии, има сериозно влијание на тоа, објасни Гинтсбург за ТАС С.
Тој додаде дека луѓето кои биле вакцинирани треба да се фокусираат на конзумирање на високо квалитетни протеини, а според рускиот научник, количината на храна богата со протеини консумирана во една земја покажува не само колку е богата таа нација, туку и колку е силен нејзиниот колективен имунитет.
Меѓу факторите кои можат негативно да влијаат на производството на антитела, научникот ги наведе алкохолот и стресот.
- Сите форми на стрес можат значително да го намалат бројот на антитела, нагласи Гинтсбург на крајот.
фото: Profimedia/Anna Zaikova / East2West News