Што го натера Руперт Мурдок на 91 година да се разведе од 26 години помладата сопруга: Вистината е навистина шокантна
Фото: Profimedia
Со оглед на тоа дека медиумскиот магнат има 91 година, сите беа изненадени од фактот дека токму тој побара развод од Џери Хол. Она што го мачеше во нивниот брак беше навистина шокантно
Џери Хол (65) и Руперт Мардок (91) официјално се разведени. Веста доаѓа пет недели откако дознавме дека имало „неволја во рајот“.
Познатиот Руперт е еден од најбогатите луѓе на светот, додека Џери Хол е поранешна манекенка позната по бурните врски и бракот со Мик Џегер.
Пред да биде финализиран разводот, Џери Хол побара од Врховниот суд во Лос Анџелес да се поништи барањето за развод. Во документот се наведува дека разводот треба да се отфрли без размислување, што значи да не може повторно да се отвори.
Сепак, и покрај поплаките на Џери, до развод спеак дошло кога адвокатот објаснил дека поранешната манекенка е финансиски згрижена до крајот на животот.
Не е познато како медиумскиот магнат ја наградил својата поранешна сопруга, но се верува дека таа ќе може да го живее својот гламурозен живот до крајот на животот, без да размислува за финансиите.
Адвокатите на Џери Хол рекоа дека таа и Руперт останале „добри пријатели“.
Фото: ProfimediaЏери е четврта сопруга на богаташот, а не е познато дали планира да се ожени по петти пат, со оглед на тоа дека има склоност кон бракови, поради што се плаши целото негово семејство.
Руперт и Џери се венчаа во Лондон во март 2016-та година, по пет месеци врска. Тие организираа, како што тогаш опишаа британските медиуми, скромна церемонија во Спенсер Хаус. Тоа беше четврти брак на Мардок (а сега четврти развод), додека Џери Хол никогаш претходно не се мажела. Таа беше во 22-годишна врска со Мик Џегер, со кој има четири деца. Мардок има шест деца од претходните бракови.
Тој се ожени со својата прва сопруга, поранешната стјуардеса Патриша, во 1956-та година. Парот се раздели во 1967-ма година, девет години по раѓањето на нивното единствено дете, ќерката Пруденс. Истата година се ожени со својата втора сопруга Ана, новинарка од Глазгов, со која беше во брак 32 години и имаше три деца. Тие се разведоа во 1999-та година.
По разводот на Ана ѝ беа доделени 1,7 милијарди долари, вклучително и 10 милиони долари во готовина. Само 17 дена по разводот, Мардок се ожени со претприемачката Венди Денг, со која беше до 2014-та година и со која имаше две деца. Мардок имал 68 години за време на нивниот брак, додека Венди само 30.
Сепак, токму Џери е позната во медиумите како сопруга на Руперт Мардок.
Фото: Profimedia
Нејзината најпозната изјава е: „Мама ме научи како да го задржиш мажот: треба да бидеш куќна помошничка во дневната соба, готвачка во кујната и ку*ва во спалната соба!“
Извор: stil.kurir.rs