Што прави милионер кога неговата девојка слави роденден: Познатата крадачка на сопрузи наполни 53 години, а Безос вака ја изненади
Партнерката на Џеф Безос, Лорен Санчез неодамна наполни 53 години, милијардерот ѝ приреди специјално изненадување?
Што ѝ подарува милијардер на девојка си за роденден? За почеток, организира вечера во Западен Холивуд со многу познати гости, меѓу кои и Крис Џенер, пријателка на Лорен Санчез. А Безос не беше единствениот кој ја изненади роденденката.
„Мојата драга пријателка Лора приреди неверојатна роденденска забава. Беше совршено. Ова се неверојатни жени кои ме поддржуваат што можам да ги наречам пријатели. А потоа мојата љубов ме изненади со вечера каде одржа говор што ги насмеа и расплака сите во собата во исто време. Секако, тука беа и моите деца кои ми сè на светот. Никогаш не сум се чувствувала посакано. Им благодарам на сите што направивте да се чувствувам посебно и благословено на мојот роденден“, напиша Лорен Санчез на Инстаграм.
Лорен и Безос ја започнаа својата врска додека тој беше во брак со Мекензи Скот, со која има четири деца. Поранешната ТВ водителка тогаш беше и официјално мажена, а поради љубовната историја го доби прекарот крадачка на мажи.
Сè на сè, секој има право да направи избор во љубовта сè додека тоа не ги повредува другите.
Извор: zena.blic.rs