Што работи мисицата која се надева на титулата најубавата жена во Британија: Јавноста е зачудена, никој немаше поим со што се занимава!

Мили Еверет, која се надева дека ќе стане мис, откри што работи за живот.

Натпреварот за најубава девојка во Обединетото Кралство немаше да биде натпревар доколку немаше девојки со извонредни животни приказни. Меѓу нив е и кандидатка која ја носи титулата Мис Северен Линколншир, а се надева на титулата најубава Англичанка.

Финалната вечер е на 17 октомври, а Мили истакна дека се надева дека ќе победи некоја природна убавица, девојка која не објавува фотографии со филтри на социјалните мрежи, посочувајќи дека денес „многу е лесно да се создаде лажна слика за себе .

Во секој случај, ако го погледнете нејзиниот профил на Инстаграм, никогаш не би погодиле што работи таа за живот. Таа има 22 години и неодамна го положила тестот за камион, а на оваа работа се одлучила бидејќи сфатила дека во Велика Британија има недостиг од луѓе кои возат камиони.

„Многу сум возбудена што наскоро ќе тргнам на пат со камион. Ќе го возам татко ми, ќе му помагам во фармата, ќе доставувам жито. Тоа е нешто што отсекогаш сум го посакувала“, рече таа, а нејзината приказната привлече големо медиумско внимание.

Така новинарите „бараа“ детали и на Јутјуб пронајдоа емисија во која таа гостуваше како возач на камион.

„Го положив испитот уште при првиот обид, а вежбав со стар камион со кој буквално се мачев бидејќи немаше серво волан. Меѓутоа, сега кога добив нов камион ми е многу полесно", рече девојката и истакна дека нејзините родители се горди на неа.

Погледнете како таа изгледа:

 ...како и емисијата каде зборуваше за својата работа:



Фото: Инстаграм

Видео: Youtube