Што сѐ знаеме досега за мајмунските сипаници од кои стравува светот: Во Европа се шири паника, но има ли причина за загриженост
фото:Nigeria Centre for Disease Control/WHO
Околу 80 случаи на мајмунска сипаница се потврдени во 12 земји, објави Светската здравствена организација.
Таа предупреди дека најверојатно ќе бидат пријавени уште случаи. Оваа вест направи паника и во Европа, а еве за каква болест се работи и има ли причина за загриженост.
Која е оваа ретка и не многу позната болест? Колку се чести мајмунските сипаници?
Сипаниците се предизвикани од вирусот на мајмунски сипаници, член на истата фамилија на вируси како малите сипаници, иако тие се многу помалку сериозни.
Експертите велат дека шансите да се зарази некој со нив се многу мали.
Тие се јавуваат главно во оддалечените делови на Централна и Западна Африка, во близина на тропските дождовни шуми.
Двајца заразени пациенти во Велика Британија пристигнале од Нигерија, па многу е веројатно дека заболуваат од западноафриканскиот вид на вирусот, кој обично е благ, но сè уште не е потврден.
Третиот случај бил здравствен работник кој се заразил со вирусот од еден од пациентите.
Четирите најнови случаи - три во Лондон и еден во северозападниот дел на Англија - немаат познати врски или историја на патување. Вирусот е регистриран и во Шведска, Португалија, Шпанија, САД и Канада.
Кои се симптомите?
Почетните симптоми се: треска, главоболка, оток, болки во грбот, болки во мускулите и општа малаксаност.
Кога температурата ќе ви падне, може да избие осип, најчесто прво на лицето, а потоа да се прошири на другите делови од телото, најчесто на дланките и на стапалата.
Осипот, кој може да биде екстремно чешање, се менува и поминува низ различни фази пред конечно да се формира краста, која подоцна паѓа. Лезиите можат да остават лузни, а инфекцијата обично поминува сама по себе и трае помеѓу 14 и 21 ден.
Како се добива мајмунска сипаница?
Мајмунски сипаници се пренесуваат кога некој ќе дојде во близок контакт со заразено лице.
Вирусот може да влезе во телото преку пукнатини на кожата, респираторниот тракт или очите, носот или устата. Претходно не беше наведена како сексуално пренослива болест, но може да се пренесе преку директен контакт за време на секс.
Може да се пренесе преку контакт со заразени животни како мајмуни, стаорци и верверички или преку предмети контаминирани со вирусот, како постелнина и облека.
Колку се опасни?
Повеќето случаи на вирусот се благи, донекаде слични на сипаници и исчезнуваат сами по себе во рок од неколку недели.
Сепак, мајмунските сипаници понекогаш може да бидат посериозни, а постојат и наводи дека предизвикале смрт во Западна Африка.
Колку е честа епидемијата?
Вирусот првпат бил идентификуван кај мајмуни во заробеништво, а спорадични епидемии се пријавени во 10 африкански земји од 1970 година.
Во 2003 година избувна таква епидемија во Соединетите Американски Држави, за прв пат болеста беше пријавена надвор од Африка.
Пациентите се заразиле со оваа болест преку близок контакт со кучиња од прерии кои биле заразени од разни мали цицачи увезени во земјава.
Пријавени се вкупно 81 случај, но ниту еден не завршил со смрт.
Нигерија ја доживеа најголемата епидемија регистрирана досега во 2017 година, приближно 40 години откако земјата го имаше последниот потврден случај на мајмунски сипаници.
Имаше 172 сомнителни случаи на мајмунска сипаница, а 75 отсто од жртвите беа мажи на возраст меѓу 21 и 40 години.
Како изгледа третманот?
Не постои специфичен третман за мајмунска сипаница, но епидемијата може да се запре со спречување на инфекцијата.
Вакцината против сипаници се покажала како 85 отсто ефикасна во спречувањето на мајмунските сипаници и сè уште понекогаш се користи за таа цел.
Дали треба да бидеме загрижени?
Експертите тврдат дека не сме на работ на национална епидемија, а според јавното здравство на Англија, ризикот за јавноста е мал.
Професор Џонатан Бол, проф. по молекуларна вирусологија од Универзитетот у Нотингем, рече:
- Факт е дека само еден од 50 контакти на првобитно заразени пациенти, оболува од мајмунски сипаници, покажува колку овој вирус е слабо заразлив.
Погрешно е да се верува дека сме на работ на национална епидемија.
Д-р Ник Фин, заменик-директор на Националната служба за јавно здравје на Англија, додаде: „Важно е да се нагласи дека мајмунските сипаници не се шират лесно меѓу луѓето и дека севкупниот ризик за јавноста е многу низок“.
„Јавното здравство на Англија ги следи оние кои имале близок контакт со пациентите за да понуди совети и да ги следи доколку е потребно.
извор: БиБиСи / Светска здравствена организација