Што се крие зад постапката на Никол Кидман? Ја турна Салма Хаек пред сите, видеото остава без зборови
Актерките Никол Кидман и Салам Хајек позираа по ревијата на брендот Баленсијага на овогодинешната модна недела во Париз. Но она кое ја одбележа ревијата е момент кој се случувал кај присутните во публиката, односно точно од тие две актерки.
Имено на интернет стана вирално видео на кое се гледа како Никол грубо ја бутка Салма.
Никол и Салма се фотографираа со пејачката Кети Пери, а во еден момент Хајек се обиде да ја сврти колешката кон фотографите. Меѓутоа, Кидман грубо ја фати за рака, ја оттурна и го сврте грбот кон фотографите. Потоа разменила неколку зборови со Кејти и си заминала.
На социјалната мрежа „Х“ веднаш почнаа да се слеваат коментари за овој настан.
Os fotógrafos tirando fotos da Salma Hayek até a Nicole Kidman parar bem na frente dela e soltar um “don’t touch me” que deixou até a Katy Perry sem graça pic.twitter.com/3z5RK6Jfr1
— Central Reality (@centralreality) October 12, 2024
-Никол сигурно не гледа прст пред себе со тие наочари, но „не ме допирај“ беше сосема непотребно“, „На Салма ѝ беше многу непријатно“, „Многу непотребно, не требаше да ѝ ја оттурне раката“, „Многу напнат момент“ – напишаа луѓето во коментарите под видеото. Некои додадоа дека има тензии меѓу актерките.
Инаку, доаѓањето на Кидман на модната ревија беше нејзино прво јавно излегување по смртта на нејзината мајка. Актерката била во Венеција кога ја добила тажната вест, а потоа итно отпатувала за Австралија.
Фото и Видео: „Х“