Што се случува кога ќе го прескокнете појадокот?

Добивај вести на Viber

Појадокот е најважниот оброк во денот затоа што на тој начин го поттикнувате метаболизмот и ја давате потребната енергија на телото.

Многумина и покрај тоа сепак не појадуваат од различни причини, но можеби тоа ќе го променат кога ќе дознаат дека токму тоа е причината за непријатен здив.

Прескокнувањето на појадокот во устата остава бактериии кои инаку би ги исфрлиле со храна.

„Ако не појадувате, имате една од најлошите навики која предизвикува лош здив бидејќи усната шуплина останува сува и полна со бактерии“-  вели доктор Мервин Друиан од Лондонскиот центар за естетска стоматоголија.

Уште повеќе бактерии може да настанат доколку за појадок одберете житарици со шеќер.

Друиан советува да јадете овошје и да пиете вода. На тој начин најефикасно ќе ги отстраните бактериите од устата.