Што се случува на медениот месец на Џеј Ло и Афлек: Не можат повеќе да глумат среќа, изразот на нивните лица кажува сè
Откако светот доби среќен крај на бајката наречена Џенифер Лопез и Бен Афлек, изгледа како филмски заговор да е на пат.
Бен Афлек и Џенифер Лопез деновите ги минуваат во Париз, кој во оваа прилика им послужи како место на нивниот меден месец. Папараците ја следат „среќната“ двојка каде и да се движат, затоа нивните обожаватели забележале промена кај Бен.
Имено, на повеќето фотографии тој е намуртен и неговото (не)чувство не може да го скрие ниту Џенифер која се обидува да се насмее додека се шетаат. Но и таа беше уловена од папараците со многу мрачен израз на лицето.
За време на романтичното возење со брод, младенците биле придружувани од нивните деца: близнаците Макс и Ема (кои Џеј Ло ги доби во брак со Марк Ентони) и децата на Бен од првиот брак - Виолет и Срафина.
Џеј Ло се обидела да изгледа среќно и задоволно, додека Бен бил фотографиран како спие на стол.
Џенифер помалку се насмевнувала, но се чини дека неговото нерасположение се пренело и на неа, па на повеќето фотографии нема баш радосен израз.
Да потсетиме, Бен и Џенифер се помирија по речиси 18 години разделба, а нивното помирување беше проследено од минута во минута во јавноста. Многумина би рекле дека тоа е маркетиншки трик, но парот сепак се венча.
Во 2001 година, Џенифер го остави својот тогашен сопруг за Бен, а љубовта кон актерот ја изрази со зборовите:
„Кога го запознав, веднаш помислив дека тој е вистинскиот“, изјави пејачката во една прилика.
Откако лудо се вљубија, парот раскина во 2003 година.
Фото: Инстаграм