Што се случува со актерот? Бен Афлек забележан во центар за рехабилитација

Добивај вести на Viber

Актерот беше забележан како излегува од центар за рехабилитација

По разводот со Џенифер Лопез, Бен Афлек беше фотографиран како излегува од центар за рехабилитација, а тоа премногу ги загрижи неговите обожаватели.

Судејќи по фотографиите, тој беше видно расположен. Некои странски медиуми шпекулираат дека тој дошол да им даде поддршка на луѓето кои се борат со зависноста.

Имено, веќе е познато дека Бен во неколку наврати бил лекуван за одвикнување од алкохол. На тој чекор прво се одлучил во 2001 година, а во март 2017 година актерот објавил дека завршил со лекувањето.

„Завршив со лекувањето и тоа е нешто со кое се соочив во минатото и ќе продолжам да се соочувам“, напиша тој тогаш на својот Фејсбук.

„Сакам да го живеам животот во потполност и да бидам најдобриот татко што можам да бидам. Сакам моите деца да знаат дека не е срам да добивате помош кога ви е потребна и да бидам извор на сила за секој на кој му треба помош, но е се плашам да го направам првиот чекор.

Но, на крајот на август 2018 година, по наговор на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, тој повторно заврши во центар за рехабилитација. Џенифер и уште една жена биле снимени како пристигнуваат во замокот на Афлек во Калифорнија, а потоа, како што пишува TMZ, Бен решил да го прифати предлогот на неговата поранешна сопруга дека му е потребна помош и тие со автомобил се упатиле директно во центар за лекување.


Фото: Youtube - screenshoot