ШТРУМФОВИ – АМБАСАДОРИ ЗА ЦЕЛИТЕ НА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЧОВЕШТВОТО ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО МАЛИТЕ ШТРУМФОВИ – ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ ДО 9ти декември

#MалиШтрумфовиГолемиЦели

Штрумфовите кои се во Ист Гејт Мол до 9 Декември, се главните протагонисти во кампањата #SmallSmurfsBigGoals– #MалиШтрумфовиГолемиЦели, со цел да ја охрабрат јавноста и да подигнат поголема свест во солидарноста и преземањето на поголеми чекори во справување со предизвиците на човештвото.

Штрумфовите се признаени амбасадори кои можат да го дадат својот пример за зачувување на планетата, намалување на екстемната сиромаштија и гладот и промовирање на мир во светот.

Интерактивната поставка на селото на Штрумфовите е прекрасен пример за целата јавност за дружење, заедништво, социјализација, добри вредности. Штрумфовите се симбол на одржливо живеење, тие живеат во шума, се во нивното село е направено од природни материјали, тие се грижат за чиста природа, секаде се движат пеш, не загадуваат, и се солидарни еден спрема друг.

Во селото на Штрумфовите децата бојат цртежи со дрвени боички со главните вредности и пораки #MалиШтрумфовиГолемиЦели.

Прекрасна можност да поминете и да се запознаете со Штрумфовите до 9 Декември.