ШУМСКИ ЖИВОТНИ ТЕМА НА ДЕТСКИТЕ МУЛТИМЕДИЈАЛНИ РАБОТИЛНИЦИ НА SDW

Добивај вести на Viber

Неделата на дизајнот во Скопје и годинава ќе има две мултимедијални детски работилници, на 24. и 25. ноември, а темата е „Шумски животни“. 

Подводство на Дора Локвенец, Марина Таневска и Тамара Димитрова, а со помош на роботчето Кубето, децата од 5 до 7 години ќе бидат дел од двете мултимедијални детски работилници на кои се одржуваат викендов на 24. и 25. ноември за време на Skopje Design Week на тема “Шумски животни”. Со користење на рециклирани материјали, децата ќе создаваат брошеви, бележници за книги, кутии за моливи, инспирирани од мотиви на шумски животни.

Работилниците овие два дена ќе се одржуваат од 15 до 17 часот во Јавна соба.

Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар задизајн и иновација, восоработкасо Делегацијата на германското стопанство со канцеларија во Македонија.

Активностите ќе се реализираат во Јавнасоба и Лукс секојденод 10:00 до 01:00 часот, а влезот за сите посетители е слободен.

Повеќеинформациина: www.ministryofpleasure.net